Советникот на Кремљ за надворешна политика Јуриј Ушаков денеска изјави дека е можна средба помешу рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Џо Бајден во јуни.
– Се разбира, има сигнали од американска страна за средба… сигналот е примен, ќе го разгледаме. Во зависност од многу фактори, секако ќе донесеме одлука, посочи Ушков.
Путин и Бајден имаа телефонски разговор на 13 април. Според Белата куќа, Бајден предложил одржување на руско-американски самит „во трета земја во следните месеци“.