Кремљ денеска нагласи дека се подготвени да ја подобрат соработката со САД, но дека „првиот чекор” треба да го направи во Вашингтон.
Таквиот став следува по извештајот на американските обвинители дека за време на претседателските избори во САД во 2016 година немало соработка меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и Русија.
Рускиот амбасадор Константин Косачев претходно изјави дека постои шанса многу нешта да се обноват во односите меѓу двете држави, но прашање е дали Трамп би ризикувал да го стори тоа.
„Ние сме секако подготвени”, рече Косачов.
Од самиот почеток на истрагата, Трамп отфрли каква било поврзаност на луѓе од неговата претседателска кампања со Русија.