Руските власти се подготвени целосно да соработуваат со Германија во случајот на дисидентот Алексеј Навални, изјави портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, јави ДПА.
-Во целина, потврдуваме дека сме подготвени и заинтересирани за целосна соработка и размена на информации за ова прашање со Германија, рече портпаролот Дмитриј Песков во коментар пренесен од Тасс.
Русија претходно одби да спроведе истрага за наводите дека Навални е отруен, бидејќи руските власти соопштуваа дека не се пронајдени цврсти докази за труење.
ДПА пренесува дека Песков денеска во коментарот за државните медиуми го повтори ставот дека „пред пациентот да биде пренесен во Берлин, во нашата земја беа направени широк спектар на тестови, во согласност со сите меѓународни норми, но не беа пронајдени отровни материи“.