За жал, господинот Филков е само потписник во таа институција, а Министерството го раководи г-ѓа Радица Лазареска Геровска, со која целото министерство нема добра комуникација.
Во време кога беше избрана новата власт, јас бев на испланиран семеен одмор, за кој се добива решение од Владата. Се вратив два дена по неговиот избор, на 26-ти, и неколку пати го барав г. Филков на телефон и преку СМС пораки, а потоа и преку кабинетот. Бев информиран дека тој ќе ме побара, но, за негова несреќа, сè уште е затворен во својот кабинет од својата шефица на кабинетот, која не му дозволува да комуницира.
За трагикомедијата да биде поголема, тој сè уште продолжува да молчи. За сите тие важни теми тој нема став, повторува една бамална реченица “и премиерот е право и меѓународните сојузници се у право” се крие од јавноста и чека писмен одговор од г-ѓа Радица.
Писмото од Оценската мисија е добиено по електронски пат, исто како што го добија и Вицепремиерот Маричиќ, претседателот на судски совет Сашко Георгиев и други. Еден дел од писмото беше наменет за јавноста, додека другиот беше класифициран само за министерот. Тоа писмо е архивирано од службено лице во Министерството кое ракува со доверливи материјали, но, нормално, Радица не може да го добие додека нема безбедносен сертификат. Истото писмо, со дозвола на мисијата, е споделено и со работната група, односно со претседателот академик Владо Камбовски.
Возниот парк е ист со оној што го користеле и претходните министри.
Министерството за правда во соработка со Советот на Европа презема активности за подобрување на системот на БПП. Во Секторската развојна стратегија за правосудство и Акцискиот план се предвидени низа активности за подобрување на пристапот до правда кои се предвидени во Посебната цел 1.7. (Стр.38-42 од Акцискиот план)
Вработените во подрачните одделенија/канцеларии за бесплатна правна помош се исти повеќе години, а со истиот кадар веќе отворивме и повеќе канцеларии. Отворениот оглас, каде што требаше да се пополнат некои работни места, беше поништен од ваша страна за да вработите „ваши луѓе“.
Министерството нема долгови, бидејќи на време беа подмирени сите фактури. Наместо да бидете среќни што го имате материјалот со кој јас не располагав, вие неосновано критикувате зошто сите тие матерјали се двојазични односно и на албански јазик. Двесте чадори се наменети за кампањата за бесплатна правна помош, заедно со Советот на Европа.
Лаптопот е во ПР канцеларијата, другиот е кај преведувачите, тротинетот е во едно од одделенијата за бесплатна правна помош, а телефоните, добиени преку субвенција, се распределени на оние кои најмногу работат и се евидентирани на телефонските броеви.
За сите овие тврдења, но и за 100-дневниот период на министерот Филков, ќе имам јавно обраќање и брифинг со новинари.
Го предизвикувам министерот Филков на јавна дебата, било еден на еден или со учество на госпоѓа Радица од негова страна.