Група непознати лица го нападнале и го претепале митрополитот Кримско-симферополски, Климент, кој е и припадник на вооружените сили на Украина, соопшти денеска украинската полиција.
Инцидентот се случил рано утринава во близина на катедралата Свети Михаил, во главниот град на Украина, пренесува Униан.
Полицијата денеска со следење на социјалните мрежи открила информација за нападот, а најпрвин ја објави каналот Телеграм.
„На местото на настанот пристигнала увидна екипа која разговара со оштетениот и ги расветлува сите околности“, велат од полицијата.
⚡️ Metropolitan Kliment of Crimea and Simferopol of the autocephalous Orthodox Church of Ukraine, who currently serves in the Armed Forces, was beaten up by unknown assailants in Kyiv on Sept. 10, a church official confirmed for Suspilne.https://t.co/mfMnkE8Yzk
— The Kyiv Independent (@KyivIndependent) September 11, 2024
Се додава дека полицијата ги истражува околностите на инцидентот.