Основачот и извршен директор на алтернативната медиумска платформа „Rumble“, Крис Павловски, доаѓа во Македонија.

Tој ќе биде модератор на еден од клучните настани на годинешниот самит „Македонија 2025“, што ќе се одржи во понеделник во Скопје.

Павловски ќе модерира панелот насловен „Децентрализација на моќ: иднината на парите, медиумите и дигиталната слобода“.

Во рамки на неговата посета, како што информираат дел од медиумите ќе има и средба со премиерот Христијан Мицкоски, на која, според најавите, ќе се разговара за можностите за соработка во сферата на технолошкиот развој, дигитализацијата и поддршката на македонските стартапи.