Тројца ракометари на Вардар се најдоа во изборот на ЕХФ за 13.коло по гостинскиот триумф на „црвено-црните“ во Шведска кај Кристијанштад со 32:30.
Даинис Криштопанс се најде меѓу седумте најдобри играчи на колото. Тој со осум погодоци беше најдобриот играч на Вардар на средбата во Шведска.
Идеален тим на колото според ЕХФ ТВ:
лево крило – Иван Никчевиќ (Спортинг Лисабон)
лев бек – Борис Пуховски (Мотор Запороже.)
среден бек – Себастијан Скубе (Силкеборг)
десен бек – Даинис Криштопанс (Вардар)
десно крило – Лук Абало (ПСЖ)
пивот – Хулен Агинагалде (Кјелце)
голман – Рикард Капелин (Кристијанштад)
Во изборот на Топ 5 голови се најде Тимур Дибиров, додека голманот на Вардар, Калифа Гедбан има една од петте најубави одбрани.