Англискиот фудбалски прволигаш Манчестер јунајтед соопшти попладнево дека договорил враќање на Португалецот Кристијано Роналдо од Јувентус во своите редови.

Клубот од „Олд Трафорд“ додаде дека до реализација на трансферот преостанува уште Роналдо да ги договори личните услови и да ги мине задолжителните медицински прегледи.

Британските и италијанските медиуми јавија дека вредноста на трансферот изнесува 25 милиони евра.

Роналдо (36) го носеше дресот на Манчестер Јунјатед од 2003 до 2009 година и на 292 натпревари постигна 118 голови, освојувајќи ја Лигата на шампиони (2008), три англиски титули и еден ФА куп.

Во летото 2009 година, Роналдо за тогаш рекорден трансфер од 94 милини евра го замени Јунајтед со Реал Мадрид, каде мина девет сезони, а последните три беше дел од италијанскиот гигант Јувентус