Кристина Октрук наскоро ќе наполни 26 години, но таа веќе се реализира како мајка преку сурогат мајчинство.

Нејзиниот дом е исполнет со детски смеа и извици и таа постигнува сѐ иако во куќата има дури 22 деца.

Блогерката од Русија се омажила за милионерот и бизнисмен Галип (57) со кого добила едно дете, а другите деца ги добила со помош на сурогат мајка. Успева да се грижи за сите деца, да се гушка со нив и да ги прошета. Се разбира, таа не е сама во оваа работа.

Кристина често оди на прошетки со своите асистенти, кои се добра помош и одлично друштво.

Нејзината најстара ќерка, осумгодишната Викторија веќе ѝ помага на мајка си во обврските. Тригодишните деца, кои моментално ги воспитува нивната мајка откако Галип бил уапсен во мај како дел од руската истрага за измама, се: Мустафа, Маријам, Ајрин, Алис, Хасан, Џуди, Харпер, Тереза, Хусеин, Ана , Изабела, Исмаил, Мехмет и Ахмет.

Овој семеен дом има и многу двегодишни деца, по име Али, Кристина, Алена, Сара, Локман и Алпарслан, а покрај најновиот член на семејството, тука е и најмладата ќерка Оливија.

Сепак, и покрај тоа што е критикувана за „купување деца“, Кристина не планира да престане. Таа во претходните интервјуа откри дека сака да достигне троцифрена бројка.

Бизнис магнатот бил затворен во 2023 година под обвинение за „перење“ пари, како и за фалсификување документи. Опседната со бебиња, Кристина има армија од 16 дадилки кои живеат во куќата и ѝ подаваат рака на помош на 25-годишната девојка, додека нејзиниот сопруг е осуден на осум години затвор, пишува „TheSun“.

Двајцата првпат се сретнале во клуб во Москва, Русија, и оттогаш го започнале своето поглавје во раскошна трикатна палата во Батуми, Грузија. Уште во февруари минатата година, Кристина – која платила 142.000 фунти на сурогат мајки – објавила и книга во која зборува за нејзините искуства како мајка на толку големо семејство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kristina Ozturk (@batumi_mama)