Бизнисменот Сеад Кочан на 17 јули треба да се јави на издржување на затворската казна за случајот „Труст“.
Упатниот акт, како што информираат од Кривичниот суд, веќе му е доставен на Кочан.
– Судија за извршување санкции при Основниот кривичен суд – Скопје, надлежен да постапува по предметот од обвинителството означен како „Труст“, изготви и достави упатен акт за еден од обвинетите кој со правосилна пресуда е осуден на ефективна казна затвор. Според упатниот акт, а согласно член 137 и 139 ст.3 од Законот за извршување снакции, осудениот е должен на 17.07.2019 да се јави на издржување на казната затвор во наведената казнено поправна установа, стои во денешното соопштение од Основен кривичен суд – Скопје.
Инаку, предметот „Труст“ на СЈО, Апелацискиот суд го проследи до Кривичниот суд и преку АКМИС системот беше распределен на судија за извршување санкции за да му издаде упатен акт на бизнисменот Сеад Кочан кога треба да се јави на издржување на затворската казна.
Како што информираа од Кривичниот суд, Апелацискиот суд на првообвинетиот Кочан му ја намали казната на четири години, а за второобвинетиот определи условна казна.