Информативни брошури наменети за сите граѓани кои може да се јават како сведок, оштетен или жртва во постапка, потоа информации во кои случаи на граѓаните им е потребен бранител како и сите податоци за јавно објавување на податоци за една судска постапка содржат информативните брошури кои ги изработи и промовираше скопскиот Кривичен суд во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Информативните брошури, како што информираат од Кривичниот суд, содржат податоци од законските одредби кои ги регулираат овие прашања, а се во правец на запознавање на странките во постапката за нивните уставни и законски права.
Информативните брошури се поставени на влезот во судската зграда, а истите се дел од заложбите на Основниот суд Скопје 1 за зголемување на транспарентноста и отвореноста на судот, како и
проближување на институцијата до граѓаните.