На 15 мај ќе продолжи судењето за предметот „ТНТ“, на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски.
Судијата Осман Шабани го одложи денешното рочиште поради службено отсуство на судијата Огнен Ставрев.
За предметот „ТНТ“ меѓу обвинетите се и поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, како и поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба, Тони Трајковски.
Според обвинението на СЈО, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски.