Со изведување на материјалните докази на одбраната во Кривичниот суд во Скопје заврши денешното рочиште за предметот „Титаник 2“ на Специјалното јавно обвинителство што се однесува на изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година.
Следното рочиште е закажано за 18 декември, во 10 часот, кога свои искази треба да дадат сведокот на одбраната Љупка Гугуческа и вештото лице Љубомир Атанасовски. Искази најавија дека ќе дадат и обвинетите Влатко Сајковски, Сашо Срцев и Анета Стефановска.
Претходно на денешното рочиште сведочеше и сведокот Адмир Шабани, раководител на Одделението за едукација во Државната изборна комисија.
Во „Титаник 2“ обвинети се лидерот на ДПА, Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, како и поранешните членови на ДИК, Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.