Педесетгодишен жител на Калишта, Струшко заработи кривична пријава за бесправно градење на автокамп и два помошни објекта на подрачјето на Струга.
Полицијата, како што соопшти МВР, поднесе кривична пријава против Б.К. (50) од село Калишта, Струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
Како што наведуваат во текот на 2019, на подрачјето на Струга, пријавениот како сопственик и инвеститор, без добиена согласност и одобрение за градба, изградил автокамп и два помошни објекта.