Градоначалник на Каропш, Стевчо Јакимовски, и петмина вработени во оддел за урбанизам во истата општина добија кривична пријава бидејќи на правно лице кое ги раководело тениски терени и дозволиле истите да ги легализира, иако се времени објекти. Тие се товарат за злоупотреба на злоупотреба на службена положба и овластувања.
Јакимовски, според кривичната пријава поднесена од МВР, потпишал урбанистичка согланост за легализирање на времен објект, иако според Законот за градење и Законот за за утрдување на правен статус на бесправно изградени објекти времен објект, во случајот – тениско игралиште, не може да биде предмет на легализација.
Правното лице, против кое исто така поднесена кривична пријава поднело барање за утврдување на правен статус на бесправен објект, по што петте вработени во општината Карпош извршиле увид на место.
Констатирале дека наводно објектите за спорт и рекреација – тениски игралишта ги исполнуваат условите за нивна легализација. Тие потоа изготвиле и заедно со пријавениот градоначалник, потпишале урбанистичка согласност, по која откако бил платен одредениот данок на имот, изготвиле и потпишале и решение за утврдување на правен статус на бесправен објект, се наведува во соопштението од МВР.
Со тоа на правното лице му овозможиле легализацијата на времениот објект со поврзишна од над 3.990 метри квадратни и стекнување на противправна имотна корист во износ два милиони 395.000 евра.
Од Општина Карпош преку соопштение ја отфрлаат кривична пријава, нарекувајќи ја тенденциозна, злонамерна и политички мотивирана. Според Општината предметот за легализација на спортските објекти на „Александар Палас“ бил решен согласно законските прописи.
Општина Карпош категорично тврди дека легализацијата е законита за овие спортски објекти затоа што за се што се издава одобрение за градба се врши легализација, а за истите објекти правното лице „Александар Палас“ има одобрение за градба од Министерството за транспорт и врски за кое не го спровеле во катастар, се наведува во соопштението од Општина Карпош.
Од Општината наведуваат дека за тениски терени, изградени на територија на општина Карпош во времето на владата на Никола Груевски, е издадено одобрение за градба.