Надворешната канцеларија за криминалистички работи Валандово поднесе кривична пријава против Д.Р.(73) од Валандово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и муниција“ и „фалсификување на огнено оружје“.

На 24.03.2026, по извршени проверки, констатирано е дека пријавениот има дозвола за поседување и носење на оружје за пиштол „Црвена Застава“ калибар 9мм и пушка „ТОЗ“ калибар 12мм, оружје за кое било издадено решение за привремено одземање, но истиот не го предал.

При извршен претрес во неговиот дом, наведеното оружје и два пиштоли „Екол Туна“ биле пронајдени, и било констатирано дека врз нив е извршена дополнителна механичка интервенција – поставување на нежлебана цевка, со што е овозможено истрелување на боева муниција, како и 45 парчиња муниција.