Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „лихварство“, надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга, поднесе кривична пријава против Ј.П.(32) од Струга.
СВР ОХрид соопшти дела лицето казненото дело го сторило на 17 јули годинава на улицата „Партизанска“ во Струга, каде го пресретнал сега оштетениот Ц.Ш.(34) и веднаш почнал вербална расправија барајќи му пари, а потоа и физички го нападнал.
Според пријавата од сега оштетениот, вербалните закани и физичките напади врз него, пријавениот Ј.П. ги вршел од 2013 година кога тој на оштетениот му позајмил 12.000 денари. Оттогаш, како што е наведено, па се до моментот на пријавување, оштетениот, на Ј.П. му имал исплатено околу 40.000 денари, кој и понатаму продолжил со закани барајќи му пари, по што Ц.Ш. го пријавил настанот.