Во Кривичниот суд Скопје денеска е предвидено да се објави пресуда на за случајот „Тортура”. Како прво обвинет во овој случај е поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и шест припадници на полициската единицата „Алфи”.
Случајот за овој предмет го води судијката Александра Ристовска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Љубомир Лапе.
Според обвинението поднесено од поранешното Специјално јавно обвинителство, првообвинетиот Сашо Мијалков како службено лице, директор на УБК, поради дискриминација врз основа на политичка определба, ги навел обвинетите да ги преземат дејствијата на извршување што се наведени во диспозитивот на обвинението и воедно за таквото негово дејствие е обвинет дека сторил кривично дело мачење и друго сурово, нечовечно и сурово постапување и казнување.