По ударот од корона вирусот а сега и економската и енергетската криза, занаетчиите се повеќе ги затвораат нивните дуќани а многу занаети се во опасност од целосно згаснување. Се жалат дека од државата не добиваат помош за да преживеат, а работата им е значително намалена. Претседателот на Комората на занаетчии во Струга вели дека работата им е намалена за 50%, пренесува ТВ 21.
Тој вели дека побарале субвенции за енергетската криза но до сега не добиле никаков одговор за помош.
Од друга страна, младите не сакаат ни да чујат за занает бидејќи со оваа дејност има многу работа но малку се заработува.
Пред пандемијата со корона вирусот, биле околу 200 регистрирани занаетчии а сега се на број 150, вели ТВ 21 во својот прилог.