Фудбалерот за врска на Реал Мадрид, Тони Крос откри кога има намера да се пензионира.
– Мислам дека 2023 година ќе биде вистинската година, јас ќе имам 33 години. Допрва треба да одлучам дали ќе го продолжам договорот со Реал Мадрид на година или две. Ова сè уште не е решено. Но, јас сум апсолутно сигурен дека ќе ја завршам кариерата во Реал Мадрид. Не сакам да ги обвинувам сите во Германија затоа што многу фанови го ценеа мојот настап, но на моменти имав чувство дека луѓето го потценуваат она што го направив за 11 години. Во Шпанија сè е поинаку. Сите ми се благодарни од мојот прв натпревар пред седум години, изјави Крос за Билд.
Крос пред неколку дена објави дека неговите настапи на ЕВРО 2020 беа последни во репрезентативниот дрес на Германија.