Во историското прво крунисување во последните 70 години, денеска заедно со сопругата е устоличен Чарлс III. Тој стана 40-тиот владетел од Вилијам Освојувачот што бил крунисан во Вестминстерската опатија. Целиот свет ја следеше оваа церемонија, а на социјалните мрежи од минута во минута се појавуваа видеа од овој историски настан.
На почетокот на верската церемонија стара 1.000 години, се свиреше националната химна, а присутните скандираа „Боже спаси го кралот“, додека кралската двојка тргна кон црквата.
Прва излезе Камила, а зад неа Чарлс. Церемонијата започна со таканаречениот чин на „подарување“ на кралот пред сите кардинали, предводени од бискупот од Кентербери, Џастин Велби.
Пред неговото крунисување, кралот бил помазан со свето масло далеку од очите на јавноста, а потоа се заколнал на Библија стара 1.000 години.
„Јас, Чарлс, свечено и искрено во присуство на Бога признавам, сведочам и изјавувам дека сум верен протестант и дека, според правото предвидено со протестантското наследување на престолот, ќе се придржувам до наведените закони за најдоброто од моите способности“, изјави Чарлс.
Меѓу 2.300 присутни, неговото семејство седеше најблиску до кралот, иако принцот Хари беше во третиот ред. Далеку од принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон.
Премиерот Риши Сунак го читаше Посланието до Колосјаните од Светото Писмо, Првото поглавје, од деветтиот до 17-тиот стих.
Инаку, Чарлс и Камила во свечени униформи се возеа во кочијата од дијамантскиот јубилеј на мајката на Чарлс, кралицата Елизабета Втора, која ја влечеа шест коњи украсени во кралско сино.
Стотици војници учествуваа во поворката што се спушти по авенијата од Бакингемската палата до плоштадот Трафалгар, а потоа помина низ Вајтхол, министерскиот кварт.
Во Вестминстерската опатија пристигнаа бројни достоинственици, како и членови на кралското семејство, меѓу кои и помладиот син на кралот Хари, кој е таму без сопругата Меган и нивните две деца кои не учествува во официјалните делови на богослужбата.
Илјадници луѓе од Британија и светот ја поминаа цела ноќ по патеката долга два километри за да го видат крунисувањето.
Бројот на луѓе се зголеми за време на претпладневниот период на рутата по која поминуваат новокрунисаните крал и кралица на враќање од Вестминстерската опатија.
На враќање, тие патуваат во кочија стара 261 година придружувани од 4.000 војници, што ќе биде најголемата британска воена парада во последните 70 години.
Прославите во Велика Британија по повод крунисувањето на кралот ќе траат два дена.
Утре на отворено во Бакингемската палата ќе се организира таканаречен „голем ручек“ каде ќе се дели јадењето „кралско киш“, специјално дизајнирано за церемонијата, а утревечер ќе се организира концерт во замокот Виндзор, пред околу 20.000 луѓе.
Понеделник ќе биде неработен ден во оваа земја.