Најмалку 11 лица загинаа, а 12 се ранети кога вооружени напаѓачи отворија оган на забава во поранешна хациенда во Мексико.

Пукањето се случило во утрово во градот Салватиера, соопштија властите.

Според првите извештаи, до пукањето дошло кога група вооружени напаѓачи упаднале на забавата во поранешна хациенда и ги застрелале гостите.

Покрај најмалку 11 жртви, повредени се уште 12 лица.

На социјалните мрежи кружи последната фотографија од гостите пред масакрот.

Според медиумите, на забавата имало претежно млади луѓе.

„Ова е последната фотографија од нашите млади луѓе како си поминуваат пријатно со пријателите и семејството, пред ужасите и масакрите што ги доживеаја, весели, среќни, мирни, добри млади луѓе, со целата иднина пред нив. Тие нѐ повредија сите нас. Во Салватиера повторно нè погодија во срцето“, напиша на Фејсбук Карлос Силва, претседател на фондацијата Тиера Негра од Салватиера.

Истрагата и потрагата по напаѓачите е во тек.