Вооружени напаѓачи на мотор во Филипини убија еден градоначалник, а друг градоначалник повредија. Во нападот убиен е возачот на граданачалниците, а телохранителот е повреден.

Убиен е градоначалникот на Ал Барке, Дарусалам Лајид, а повреден е градоначалникот на Акбар, Алих Сали.

Истражителите се обидуваат да ги идентификуваат двајцата вооружени напаѓачи и да ги утврдат нивните мотиви.

Двајцата градоначалници наводно се кандидирале на изборите што треба да се одржат на 9 мај следната година.

Во минатото изборите во Филипини беа обележани со крвави судири и обвиненија за измами, посебно во руралните региони.