Иако пред неколку дена власта и синдикатите се договорија за покачување на платите од 10% плус 10 илјади денари К-15, овој договор денеска нема да го потпишат претставниците на Конфедерацијата на слободни синдикати. Причина за тоа, како што велат, е дека не го прифаќаат 2-иот параграф на членот 14 од колективниот договор, каде се предвидува дека индексот на трошоци на живеење во текот на првото тримесечје на 2024 година ќе биде над 3 проценти.
Ралповски вели дека нема да го потпишат новиот договор. Бараат усогласување на платите во 2024 година и да не се отфрли претходниот колективен договор.
Од Синдикатот велат дека состојбата е полоша во здравствениот сектор. Потпретседателот на Синдикатот на Клинички центар, Предраг Серафимовски, вели дека во здравството се уште има вработени кои добиваат плата од 15 илјади денари.
Овие проблеми и незадоволства следуваат по постигнатиот договор за колективниот договор со владини претставници. Од Владата сметаат дека станува збор за долгорочен успех.