Куба им порача на туристите да не носат долари со себе кога ќе дојдат на овој карипски остров, бидејќи американската валута повеќе нема да биде прифатена во земјата, според зборовите на Франсиско Мајобре Ленсе, првиот потпретседател на кубанската централна банка.

„Луѓето кои ќе дојдат во земјата во овој период ќе треба да дојдат со некоја друга валута наместо со доларот“, рече овој висок функционер, цитиран од Гранма, официјалниот весник на владејачката Комунистичка партија на Куба.