Куче со неодоливо тажен поглед и понизна фацка мамело клиенти пред McDonalds во Оклахома Сити за да го хранат со сендвичи.
Наивните клиенти кои често ја гледале кучката Принцес околу ресторанот за брза храна, и мислеле дека е бездомник, се додека не ја издаде нејзината газдарица Бетси Рејес:
„Ако ми го видите кучето околу Мекдоналдс, престанете да и го храните дебелиот и газ, бидејќи е непослушна и цело време бега од дома и оди до Мекдоналдс среде ноќ. Таа дури не е ни бездомник. Таа едноставно е кучка спонзоруша која се преправа дека е бездомник за луѓето да ја сожалуваат и да хранат со бургери“, пишува Рејес на Фејсбук.
Ај што јавно ја искара, ама газдарицата го објави и видеото од моментот кога ја фатила Принцес на дело како глуми лудило и јаде сендвичи на недолжни добронамерници.
А еве го и моментот кога сопственичката Рејес го собира своето куче од местото на „злосторот“.