Кучето на Бајден десетина пати за неколку месеци изгризал припадниците на тајната служба

/ 25.07.2023

Командер, кучето на американскиот претседател Џо Бајден, каснало вработени во Тајната служба најмалку 10 пати во периодот од октомври минатата година до јануари оваа година, според податоците на Министерството за внатрешна безбедност.

Еден инцидент дури барал повредениот службеник да оди во болница, пишува.

Конзервативната чуварска група „Џудишал Воч“ денеска објави речиси 200 страници од записите на Тајната служба до кои дошле преку тужба од Законот за слобода на информации. Групата ја поднела тужбата откако не добиле „соодветен одговор“ кога побарале евиденција во декември минатата година за инцидентите со чистокрвниот германски овчар на Бајден.

Тие објасниле дека споменатото барање било поднесено откако добиле дојава за тоа како се однесува кучето на Бајден. Белата куќа денеска се обиде да го намали значењето на овие податоци. Елизабет Александар, директорка за комуникации на првата дама Џил Бајден, рече дека комплексот на Белата куќа е „уникатна и често стресна средина“ за домашните миленици.

Таа нагласи дека семејството Бајден „работи на тоа да ја подобри оваа ситуација за сите“. Ентони Гулиелми, главниот портпарол на Тајната служба, рече дека неговата агенција советувала неколку неодамнешни претседатели „како најдобро да оперираат околу домашните миленици, и овие инциденти не се исклучок“.

Тајната служба ја гарантира безбедноста на претседателот и неговото семејство, а десетици нејзини офицери се распоредени околу објектот и неговата пространа територија. Бајден го доби Командер во декември 2021 година како подарок од неговиот брат Џејмс.

Претходното куче на Бајден, уште еден германски овчар по име Мејџор, било испратено во Делавер по неколку негови инциденти со каснување во кои биле вклучени службеници на Тајната служба и персоналот на Белата куќа.

На 3 ноември минатата година, службеник на тајната служба им пријавил на колегите дека Командер двапати го гризнал униформираниот полициски службеник, по десната рака и бедрото. Персоналот на медицинската единица на Белата куќа го лекувале службеникот, но сепак било одлучено да биде испратен во болница.


Од истата категорија