Бакнување или не на прстенот на папата, тоа е прашањето што се поставува сега откако во понеделникот, за време на посетата на католичкото светилиште во Лорето, папата Франциско постојано ја тргаше раката додека луѓето чекаа да му се поклонат и да го бакнат неговиот прстен.
Таквиот потег предизвика дебата за тоа, за некои католици, контроверзно прашање.
Снимка од одлучното тргање на раката на папата брзо се рошири на интернет и покрена „културна војна“ меѓу католичките „конзервативци“ и „напредни“.
Конзервативниот католички портал LifeSiteNews кои често го критикуваат папата, таа епизода ја нарече „вознемирувачка“.
На порталот Rorate Caeli кои исто така следат традиционалистички настроени католици, објавија – Франциско, ако не сакаш да бидеш пратеник на Христос, тргни се одовде!
Биографот на папата, Остин Иверајт, напиша на Твитер: Тој само сака тие вистински да му се обратат, а не да го третираат како света реликвија. Тој е пратеник на Христос, а не римски цар.
– Време е во целост да се укине бакнувањето на прстенот на папата. Тоа е смешно и нема никаква врска со традицијата. Тоа е увезено од монархиите, напиша језуитскиот свештеник Расел Полит.
Корисник на Твитер се потсетува дека во група од 50 луѓе го посетил папата Јован Павле кога му било директно речено да не клекнува пред папата и да не се обидува да му ја бакне раката.
Ватикан објави зошто папата Франциско завчера бил така одлучен во тоа да избегне бакнување на прстенот – едоставен сребрен прстен со крст. „Понекогаш тоа му одговара, а понекогаш не. Само тоа е во прашање, вели близок соработник на папата кој барал анонимност.