Тренерот на Барселона, Роналд Куман изјави дека нема никаква врска со конфликтот на Лионел Меси со управата на клубот.
– Во суштина, оваа ситуација ме измина. Во најголем дел, конфликтот беше меѓу Меси и клубот. Веќе разговарав со Лионел по сите настани, така што ќе продолжиме да работиме како порано, изјави Куман за „Fox Sports“.
Меси влезе во конфликт со раководството на Барселона откако тимот беше елиминиран од Лигата на шампионите. Беше објавено дека Аргентинецот е близу до напуштање на клубот, но играчот подоцна објави дека ќе мине уште најмалку една сезона во Каталонија.