Кумановка пријавила во полиција дека била измамена од братучед кој ѝ ветувал вработување во државна институција, соопшти денеска СВР Куманово.
Четириесет и тригодишната У. С. вчера пријавила во полицијата дека нејзиниот братучед М. Г. ѝ понудил да ја вработи во државна институција и побарал да му даде 5.500 евра.
Таа се согласила, зела пари на заем и му ги дала, но потоа пријавениот почнал да одбегнува контакт со неа.
Пред две недели, таа отишла во институцијата во која наводно ќе ја вработел нејзиниот братучед и сфатила дека е измамена и оштетена за сума од 338.800 денари.
СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот.