Барселона синоќа го совлада Атлетик Билбао (4:0) во финалето на Купот на Шпанија. Два гола постигна напаѓачот на Каталонците Лионел Меси. Тој стана првиот играч во 119-годишната историја на турнирот кој постигнал гол на седум финални натпревари.
Аргентинецот дојде до девет гола во финалето на Купот на Шпанија со што го надмина легендарниот играч на Атлетик, Телмо Сара кој го држеше рекордот со осум погодоци.
Воедно, Меси со Барселона го освои 35. трофеј. Во Шпанија, Аргентинецот има 10 титули во Ла Лига, седум во Купот, осум во Суперкупот.
На меѓународна сцена, Меси има освоено четири трофеи во Лигата на шампиони, три Суперкупа на Европа и три Светски клупски шампионати.