Уште една голема лага што ни ја сервираат е дека Русија е виновна за енергетската криза и скапата нафта, но вистината е дека сето ова можеше да се предвиди, а енергетската криза ја најавив во мојот текст два месеци пред војната во Украина кога напишав, истакнува Даниел Клаиќ во неговиот поголем текст за хрватскиот портал Логично, кој не ја следи новинарската политика на мејн стрим медиумите во Хрватска:
„Не знаеме точно што ќе користат како изговор, можеби некој хакерски напад, но енергијата едноставно ќе исчезне бидејќи во моментов масовно се затвораат електрани низ цела ЕУ, со цел навидум да се префрлат на зелена енергија. . Сето тоа се лаги, но мора да бидеме подготвени за нив“.
Значи планот бил познат, но оправдувањето не. И што се случува сега? Танкери од Русија се претоваруваат во Саудиска Арабија, Индија, Индонезија, Кина и слични земји, а потоа се продаваат во ЕУ со друга декларација. Препродавачите заработуваат, а како резултат на тоа имаме скапо гориво на пумпите.
Погледнете колку е зголемен извозот на руска нафта во Индија и Кина (извор: Financial Times).
Што мислите, зошто Индија го зголеми купувањето на руска нафта за 10 пати? За што им треба толку многу? Па јасно е дека истата нафта ја продаваат на Европа и Америка! И во исто време тие заработуваат пари! И Кинезите го прават истото. Русија го удвои профитот од нафтата од почетокот на војната, кој сега изнесува 62 милијарди евра, од околу 35 милијарди пред војната. И кој плаќа за тоа? Ние, секогаш кога точиме гориво на бензинска пумпа. Секогаш кога ќе го наполните резервоарот во автомобилот, индиректно ги финансирате Русија, Индија и Кина. Но, вашите политичари не ви го кажаа тоа, нели?