Германската канцеларка Ангела Меркел синоќа соопшти дека на вчерашниот кризен состанок со најмалиот коалициски партнер во нејзината Влада, Христијанско социјалната унија (ЦСУ), по „тешка битка“ е постигнат компромис за миграцијата, кој предвидува изградба на транзитни центри на границата на Германија со Австрија.
Според Меркел, договорено е од тие центри мигрантите да севраќаат во земјите во кои претходно биле регистрирани,
– Со тоа е зачуван духот на партнерство во Европската унија, изјави таа, додавајќи дека истовремено ќе бидат преземени национални мерки, со цел подобро да се управува со миграцијата.
Лидерот на ЦСУ, Хорст Зехофер исто така потврди дека е постигнат договор за „илегална миграција“ и додаде дека останува министер за внатрешни работи на Германија.
– По интензивни разговори постигнавме договор за тоа како можеме во иднина да спречиме илегална имиграција на границата меѓу Германија и Австрија, рече Зехофер по синоќешната средба со Меркел во Берлин.
По веста од Берлин, од Виена е сопштено дека Владата на Австрија започна да подготивува мерки за заштита на јужната граница на земјата, се наведува во денешното заедничко соопштение на австрискиот канцелар Себастијан Курц, вицеканцеларот Хајнц-Кристијан Штрахе и шефот на дипломатијата Херберт Кикл.
Во документот се наведува дека Виена очекува разјаснување на ставот на Германија, а тројцата австриски лидери посочуваат дека Владата е „подготвена за сите сценарија“.
– Договорот меѓу ЦДУ и ЦСУ укажува на тоа дека Грманија ќе предложи национални мерки за спречување на мигрантскиот бран. Ако тој договор стане и став на германската Влада, тогаш ќе бидеме принудени да дејствуваме за да ги спречиме негативните последици по австриското население. Австриската Влада е поодготвена да преземе мерки, пред се, на јужната граница, се наведува во соопштението.
Според Виена, германските размислување уште еднаш покажуваат колку е важна заедничката европска заштита на надворешните граници и ја потврдуваат позицијата на Австрија дека Европа без внатрешни граници може да функционира само при функционални надворешни граници.
Во соопштението се посочува дека Курц денеска телефонски разговарал со Зехофер, кој од него побарал поддршка од Австрија и најавил дека што е можно поскоро ќе ја посети Виена „за да ги разјасни сите нејаснотии“.