Австрискиот канцелар, Себастијан Курц изјави денеска дека партнерите на Велика Британија во Европската унија би требало да направат се што е во нивна моќ да се избегне „тврд брегзит“ во кој Лондон би го напуштил европскиот блок без постигнат договор.
– Мислам дека се согласуваме дека треба да направиме се што е можно за да се избегне „тврд Брегзит“, изјави Курц за новинари во Париз по состанокот со францускиот претседател Емануел Макрон.
– Неопходно е да се постигне договор и правилата на ЕУ да бидат целосно задржани, рече Макрон. ви/зш/11:28