Австрискиот канцелар Себастијан Курц истакна по повод спекулациите за одржување нов референдум во Велика Британија, дека Британците се добродојдени ако сакаат да останат во Европската унија.

Во интервју за телевизијата „Ое24“, Курц рече дека тоа би била голема добивка.

Нагласувајќи дека вратата се отворени за Британците по референдум, тој укажува дека моментно не станува збор за тоа, туку за спречување на „тврд“ брегзит. Австрискиот канцелар порачува дека нема повторно преговори за договорот за брегзит, но можно е ЕУ да им излезе во ресрет на Британците во врска со идните односи со ЕУ.