Австрискиот канцелар Себастијан Курц изрази жалење поради одлуката на Владата на Косово за зголемување на таксите за 100 отсто за стоката од Србија и Босна и Херцеговина.
Тој на Твитер напиша дека регионалната соработка во Западен Балкан и договорот ЦЕФТА се од корист секому во регионот.
„Мора да ги уриваме бариерите, а не да пронаоѓаме нови“, напиша Курц на Твитер.