Австрискиот канцелар Себастијан Курц вечерва за заложи за членство на земјите од Западен Балкан во Европската унија, предупредувајќи на опасноста дека регионот, во спротивно, би можел да се најде под влијание на други.
Курц на Европскиот форум Алпбах, рече дека треба да се има предвид оти Западен Балкан нема само европска перспектива.
– Вистина е дека постои перспектива за пристапување во ЕУ, или за посилно влијание на Русија, Турција и од другите делови на светот, објасни тој.
– Да се изгуби тој регион кој е толку блиску до нас би било лошо за Западен Балкан, но и за нас во ЕУ, предупреди Курц кој моментално претседава со Советот на Европската унија