Австрискиот канцелар Себастијан Курц смета дека Фронтекс, агенцијата на ЕУ за заштита на границите, треба да добие нов мандат и да дејствува во северна Африка, за да ги спречи мигрантите да го минат Медитеранот. Тој во интервјуто за германскиот дневен весник „Велт ам Зонтаг“ вели Фронтекс треба да добие ваков мандат, и во согласност со владите на африканските држави, да дејствува на северот на Африка.
Планираниот термин 2027 година, кога е предвидено Фронтекс да има 10.000 припадници, според Курц, е предоцна.
– Мора многу порано нешто да се стори ако сакаме ефикасно да ја спречиме илегалната миграција. Освен тоа Фронтекс треба да има јасен политички мандат, со што на неговите службеници ќе им биде овозможено да преземаат ефективни мерки, вели Курц.
Тој истакна дека Фронтекс треба илегалната миграција да ја сопре на надворешните граници на ЕУ, да ги снабдува таму со тоа што им е неопходно, а во идеален случај, да ги врати во земјите од каде доаѓаат или транзитираат.
Австрија од 1 јули го презема преседавањето со ЕУ.