Австрискиот канцелар Себастијан Курц изјави дека не терба да се поврзува труењето на критичарот на руската власт Алексеј Навални и гасоводот Северен поток 2.

– Не постои никаква поврзаност помеѓу нападот врз критичарот на Кремљ и Северен поток 2, истакна Курц по средбата со претседателот на Украина, Володимир Зеленски во Виена.

Претходно, претседателот на Австрија, Александер ван дер Белен за гасоводот Северен поток 2 го оцени како „економски позитивен проект“.

По нападот на Навални се погласни се барањата да се стопира изградбата на гасоводот Северен поток 2, со цел да се изврши притисок врз Москва. Додека Германија се уште не се има изјаснето за тоа, Австрија се залага за проектот, во кој учествува и компанијата ОМВ.

Курц и Зеленски го осудија нападот врз Навални и побараа истрага. Австрискиот канцелар нагласи дека виновниците мора да бидат изведени пред лицето на правдата.