Пред Канцеларијата за бегалци на Обединетите нации во Женева денеска во знак на протест се самозапали еден маж.
Според швајцарските медиуми мажот кој се самозапали пред Канцеларијата на УНХЦР е Курд кој живее во Германија.
Тој преживеа и е хоспитализиран.
– Со оглед на неговата состојба, не е возможно да го дознаеме мотивот, но можеме да претпоставиме дека тоа е политичката ситуација, се наведува во соопштението на женевската полиција.
Портпаролот на УНХЦР изрази жалење поради инцидентот.