Ремс победи со 3:1 против Сент Етјен во натпревар од 17-то коло од француската Лига 1.
Победата над овој ривал ја чекаа 43 години – последната беше на 19 јуни 1976 година, кога победи со 3:2. Оттогаш, „зелените“ имаа 9 победи и 7 реми на натпреварите меѓу двете екипи во првенството.
Со освоени три бода, тимот се искачи на 8-то место во пласманот со 24 поени, еден помалку од Сент Етјен, кој е на 7-то место.