Најпрво би сакал да изразам благодарност за оваа отворена, искрена и сериозна средба која што ја остваривме ние како премиери на нашите две републики, Косово и Македонија, но и нашите делегации со оглед на тоа што имавме голем број на теми и прашања кои што ги дискутиравме и несомнено тоа е во наша полза и обострана корист.
Јас бев заедно со вицепремиерката за дијаспора Шварц и министерот за животна средина и инфраструктура Алиу, покрај нашите советници и амбасадорот Флоријан Ќехаја.
Република Косово и РС Македонија имаа добри билатерални односи за основање на заеднички вредности и посебен осврт кон европските интеграции. Ние веруваме во напорите на С. Македонија и нивната поддршка за европска интеграција и посакуваме што поскоро да ги отпочнеме преговорите за членство во ЕУ.
С. Македонија како наш сосед која е земја членка на НАТО, ние сме благодарни за придонесот на мировниот контингент на С. Македонија во рамките на КФОР во овој правец подржувајќи ги напорите за безбедна средина, мировна и стабилна средина и зона за целиот регион на Западен Балкан.
Нашите две земји имаа билатерална соработка во сите области од дипломатски аспект ги поздравуваме постојаните напори за поддршка за нашите интеграции во меѓународните интеграции, особено во Европскиот Совет и во НАТО.
Ние се стремиме кон зајакнување на соработката во рамките на Берлинскиот процес, платформа која што е сеопфатна регионална платформа со крајни корисници и добитници граѓаните.
Од економски аспект како и што нагласи премиерот Мицкоски имаме зголемена трговска размена од околу половина милијарда евра и во ваквата соработка има и реципрочни инвестиции во двете земји, а овие пола милијарди евра се во пораст и понатаму бидејќи се бележи позитивен тренд.
С. Македонија е веќе неколку години земја каде што ние извезуваме голем број на производи и стока од Косово, нешто што исто претставува тренд во пораст и позначителен дел од извозот е ориентиран кон С. Македонија.
Од аспект на одбраната и безбедноста, ние продолжуваме да имаме добра соработка, едвај чекаме да се операционализираат заедничките гранични премини особено во Елез Хан и Блаце, коишто ќе го олеснат прометот на нашите патници и граѓани.
Ние сите знаеме дека имаме многу семејство и роднини од двете страни на границата, дури и мојата заменичка за надворешни, Доника Шварц е од Скопје по потекло и нејзината маќеа е од Скопје. И заинтересирани сме како што нагласи Мицкоски да имаме што поголем и послободен промет на граѓаните и затоа несомнено овој патен правец кој што ги поврзува нашите граници и нашите држави откако ќе се пушти во употреба ќе придонесе исклучително многу во тој правец.
Ние ги поддржуваме зајакнувањето на соработката особено во спроведувањето на постоечкиот договор за воена соработка.
Косово очекува да изгради уште повеќе железнички и транспортни врски со С. Македонија во правец на олеснување на прометот на стоките и патниците.
Го репотенцираме фактот и вредноста дека РС Македонија претставува земја членка на НАТО, на оваа Алијанса на демократски држави, воено најсилна не само во светот туку и во историјата на човештвото.
Ние сакаме да имаме добри соседски и европски односи и како држави и како народи.
Ќе работиме заедно со новата Влада во функција на зајакнување на понатамошна соработка, билатерална соработка заснована на доверба и реципрочни интереси.“