Премиерот на Косово, Албин Курти на неговиот профил на Твитер објави дека Косово е најдемократска и истовремено најизолираната земја на Западен Балкан.

-Денеска навршуваат четири години откако Европската комисија по вторпат заклучи дека ги исполнивме сите услови за визна либерализација. Ние сме најдемократска и најпроевропска земја на Западен Балкан“, напиша Курти.

Првата препорака за укинување на шенген-визите за косовските граѓани беше усвоена во 2016 година, а втората две години подоцна, но сепак Франција и Холандија ја блокираат конечната одлука за визна либерализација.