Основачот на движењето Самоопределување и поранешен косовски премиер Албин Курти оцени дека Косово треба да добие право да се обедини со Албанија, но на мирен начин, односно на референдум, пренесе РТС.
Во разговор за магазинот Оксфорд, Курти рече дека движењето чиј основач смета дека обединувањето со Албанија не треба да предизвика нов балкански конфликт.
„Ние сакаме да добиеме право на референдум и не сметаме дека насилство е патот до обединувањето“, рече Курти, изјавувајќи дека го поддржува обединувањето доколку процесот се спроведе на демократски начин.
Изборите во Косово ќе се одржат на 14 февруари, а според последните анкети на јавното мислење, партијата на Курти има поддршка од нешто повеќе од 44% од испитаниците, односно двојно повеќе од втората најсилна партија – Демократската партија на Косово.
„Резултатот мора да се почитува, но во никој случај не смее да започне Третата балканска војна“, рече основачот на движењето Самоопределување.
Уставот на Косово не предвидува можност за референдум.