Албанскиот и косовскиот премиер, Еди Рама и Албин Курти на заедничката прес – конференција прашани за инцијатвата за мини балкански шенген, дадоа различни одговори што се оценуваат како прво разидување во нивните ставови по одредено прашање.
Според Курти, нивната прва средба била повеќе за „албанскиот макрошенген отколку за балканскиот миншенген“,додека за Рама „нема албански без мини балкански шенген“.
-Ова беше прва средба, а има многу теми кои ќе ги третираме во иднина. Ова беше тема на која се осврнавме накратко, бидејќи нашата прва средба беше повеќе за албанскиот макрошенген отколку за балканскиот минишенген,рече Курти.
-Во овој момент имаме тема која треба да ја унапредуваме. Нема договор за албански Шенген без балкански мини Шенген. Албанскиот макрошенген е тесно поврзан со регионалниот шенген бидејќи ние сме определени да продолжи процесот од Берлин. Доколку ние сме хармонизирани во нашата активност за што и разговаравме и ќе дадеме се од себе, тогаш ни се отвора патот што е затворен за да имаме заеднички простор меѓу двете држави што до вчера беше незамисливо заради отпорот не само на Србија туку и сите други земји,рече Рама.
Додаде дека денеска тој го скршил овој отпор.
-Во целосна смисла на зборот велам дека го скршив овој отпор. Нам денеска ни останува да се потрудиме да не губиме време и да го придвижиме овој процес напред, бидејќи ниту Србија ниту другите земји не можат да ни кажат дека ние ја правиме Голема Албанија, ако ја отстраниме границата. Разговарав со премиерот веднаш да започнеме со работа со сите агенции што гарантираат безбедносни аспекти на моделот Шенген и сите други агенции кои мораат да ја ослободат трговијата од безброј бариери,посочи Рама.
Курти, пред да стане премиер беше против оваа иницијатива, велејќи дека е против интересите на Косово и оти во неа гледа намера да се формира некаква нова Југославија.
– Србија е посветена на создавање на нова платформа за Голема Србија. На Србија и е потребна платформа за ширење и не смееме да дозволиме четврта Југославија.Тоа е целта на Србија, рече лани во октомври Курти.