Косовскиот премиер Албин Курти денеска на Твитер напиша дека одлуката да се одложи до 1 септември одлуката за реципроцитет е донесена под услов да се отстранат сите барикади и да се воспостави целосна слобода на движење.

– Во соработка со нашите меѓународни сојузници, се обврзуваме да го одложиме спроведувањето на одлуките за регистарските таблички на автомобилите и документите за влез и излез на граничните премини со Србија за 30 дена, под услов да се отстранат сите барикади и да се врати целосната слобода на движење.

Во меѓувреме, министерот за внатрешни работи на Косово, Џелал Свечља, соопшти дека на граничните премини на Косово почна да се издаваат документите за влез, со исклучок на пунктовите Јариње и Берњак, кои се уште се затворени поради барикади.