Почитувани, со владин авион и со парите од граѓаните премиерот бил на Јадранското Море. На одмор. Ова е срамна слика за една опиена власт од луксуз, приватен бизнис и тендери. Додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај, додека Владата одбива 600 евра минимална плата и им крати 40 милиони евра на земјоделците, премиерот се луксузира врз грбот на народот, рече денеска портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на прес-конференција, што МИА ја објавува интегрално.

Исто како Груевски, тој купуваше очила од 60 илјади евра и луксузен „мерцедес“, а Мицкоски има часовници од 60 илјади евра и сака да се луксузира со авион.

Половина Влада се шетала со владиниот авион. Главна дестинација – Будимпешта, кај нивниот шеф Груевски.

За еден час, овде, пред Владата, ќе почне протест на работниците за поголеми плати, за достоинствен живот.

Нека се симне Мицкоски, нека ги погледне работниците, кои едвај може да си ги прехранат семејствата и да им одговори:

Колку ги чини граѓаните овој луксуз на премиерот со владиниот авион?

Затоа ли се најавува купување нов владин авион – за уште повеќе приватни патувања со народни пари?

Колку ги чини граѓаните одморот на Мицкоски на Јадранското Море со авион?

„Со владин авион и со парите од граѓаните премиерот бил на Јадранското Море. На одмор. Ова е срамна слика за една опиена власт од луксуз, приватен бизнис и тендери“, рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната прес конференција пред зградата на Владата.

Таа нагласи дека додека „граѓаните едвај врзуваат крај со крај, додека Владата одбива 600 евра минимална плата и им крати 40 милиони евра на земјоделците, премиерот се луксузира врз грбот на народот“.

Портпаролката на СДСМ потсети дека за еден час пред Владата ќе почне протест на работниците за поголеми плати, за достоинствен живот и упати директна порака до премиерот:

„Нека се симне Мицкоски, нека ги погледне работниците, кои едвај може да си ги прехранат семејствата и да им одговори: Колку ги чини граѓаните овој луксуз на премиерот со владиниот авион?“, рече Кузеска.

Нема пари за 600 евра плата, има за луксузирање на Мицкоски со владин авион

Додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај, додека Владата одбива 600 евра минимална плата и им крати 40 милиони евра на земјоделците, премиерот се луксузира со владин авион врз грбот на народот, посочи Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ, на денешната прес-конференција.

Таа потсети дека Мицкоски, исто како Груевски, кој купуваше очила од 60 илјади евра и луксузен „мерцедес“, има часовници од 60 илјади евра и сака да се луксузира со авион.

– Пола Влада се шетала со владиниот авион. Главна дестинација,  Будимпешта, кај нивниот шеф, Груевски. За еден час, овде, пред Владата ќе започне протест на работниците за поголеми плати, за достоинствен живот. Нека се симне Мицкоски, нека ги погледне работниците кои едвај можат да си ги прехранат семејствата и да им одговори: ‘Колку ги чини граѓаните овој луксуз на премиерот со владиниот авион? Затоа ли се најавува купување на нов владин авион – за уште повеќе приватни патувања со народни пари?, посочи Кузеска.

Линк до видео: https://www.youtube.com/watch?v=EIIhXirP5uw

Фото: СДСМ