Откако целосно ја разоткривме и јавно го објавивме енергетскиот откопод, бизнис-мрежата на Мицкоски од Адамовиќ до „Руднап“, ВМРО се обиде повторно да го урива СДСМ однатре. Фатени во криминални скандали, без никаков резултат зад себе, на ВМРО-ОКГ не му останува ништо друго, освен да се обиде да ја руши СДСМ, се вели во соопштението на СДСМ од денешната прес-конференција на партиската портпаролка Богданка Кузеска, што МИА го пренесува интегрално.

Последните анкети направени од самата ВМРО покажуваат дека власта има голем пад на поддршката, а има раст на рејтингот на СДСМ.

Затоа ова се случува.

Затоа и постои таканаречената платформа, тоа е „платформа за рушење на СДСМ однатре“, осмислена од страна на ВМРО.

Пронаоѓаат уценети лица, нудат пари, вработувања, а на некои и бизнис… преку осигурувања, преку банки, фирми!

Но ние нема да дозволиме да се руши СДСМ. Овие очајнички обиди на ВМРО нема да успеат.

СДСМ има нова сила – нова енергија. Единствени зад борбата против криманлната власт на Мицкоски и ВМРО.

СДСМ за секој криминал на власта, која бесрамно краде од граѓаните, ќе продолжи да ја објавува вистината и со вистината ќе се бори против оваа криминална власт.

Посилни од кога било му дадовме ветување на ВМРО: сите ќе одговараат.

Продолжуваме да ги октриваме сите криминално-коруптивни дејства на ВМРО и Мицкоски.

Треба да се подготват обвиненија за денот кога ќе дојде слободно обвинителство и судство.

Нема да се занимаваме со уценети луѓе поединци, кои работат или одработуваат токму за таа криминална група.

Во СДСМ имаме договор, а до ВМРО имаме ветување – сите ќе одговарате.

Постои платформа за рушење на СДСМ осмислена од ВМРО, фатени во криминални скандали и без резултати, повторно се обидуваат да го рушат СДСМ однатре, истакна денеска портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Таа посочи дека по разоткривањето на бизнис-мрежата на Мицкоски во енергетиката, од Адамовиќ до „Руднап“, следува координиран обид за дефокус и рушење на СДСМ однатре.

„Фатени во криминални скандали, без никаков резултат зад себе, на ВМРО-ОКГ не им останува ништо друго, освен да се обиде да го руши СДСМ. Последните анкети направени од самата ВМРО покажуваат дека власта има голем пад на поддршката, а има раст на рејтингот на СДСМ. Затоа ова се случува. Затоа и постои таканаречената платформа – тоа е ‘платформа за рушење на СДСМ однатре’, осмислена од страна на ВМРО“, рече Кузеска.

Таа порача дека овие обиди нема да успеат и дека СДСМ останува обединет и посилен.

„Ние нема да дозволиме да се руши СДСМ. Овие очајнички обиди на ВМРО нема да успеат. СДСМ има нова сила – нова енергија. Единствени зад борбата против криманлната власт на Мицкоски и ВМРО. СДСМ за секој криминал на власта, која бесрамно краде од граѓаните, ќе продолжи да ја објавува вистината и со вистината ќе се бори против оваа криминална власт. Посилни од кога било, ѝ дадовме ветување на ВМРО: сите ќе одговараат. Продолжуваме да ги октриваме сите криминално-коруптивни дејства на ВМРО и Мицкоски“, рече Кузеска.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Фото: СДСМ