Граѓаните се мудри и многу добро знаат дека со СДСМ државата е безбедна, стабилна и носи предвидливост и европска иднина. Тоа е можно само со СДСМ и тоа и времето го покажа, рече портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска во дебата на Само вистина на Канал 5 Телевизија.
-СДСМ ќе победи на изборите во 2024 година. Граѓаните сакаат европска иднина. СДСМ има коалициски капацитет и ќе биде во коалиција со сите партии кои го поддржуваат европскиот фронт. Граѓаните, Македонци, Албанци, Срби, Турци, Роми, да видат единство, одлучност и посветеност да ја реализира стратешката цел за членство во ЕУ. Ние веруваме во европски вредности, секој што има демократски капацитет и што ги почитува овие европски вредности ќе биде дел од европскиот фронт, рече Кузеска.