Зошто после речиси една недела од објавувањето на наводите за следење на Христијан Мицкоски ниту директорот на АНБ, Бојан Христовски, ниту премиерот Христијан Мицкоски не ја отпочнаа процедурата за декласификација на документите кои би ги докажале наводите на власта?, се наведува во соопштението на СДСМ од прес-конференцијата на портпаролката Богданка Кузеска, што го пренесуваме интегрално.

Зошто самиот тој не побара декласификација на документацијата од Агенцијата за национална безбедност во која наводно бил следен?

Од што се плаши Христијан Мицкоски?

Дали можеби Мицкоски се плаши од декласификација на овие документи затоа што ќе ги потврдат индициите за милионски криминал во случајот со т.н. „Делчевски ниви“?

Да ја потсетиме јавноста дека во случајот „Делчевски ниви“ беа инволвирани најблиските соработници на Мицкоски меѓу кои член на неговото лично обезбедување како и тогашниот директор на Белата палата, односно Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ.

Дали овие документи кои Мицкоски одбива да ги декласифицира покажуваат дека шефот на организираната криминална група која се стекнала со корист во илјадници евра е токму Христијан Мицкоски?

Дали во овие документи има сериозни индиции за повторно нелегало финансирање на ВМРО-ДПМНЕ како и индиции за организиран криминал и корупција?

Постапката за декласификација на овие документи е едноставна и би ги разрешила сите дилеми кои ги има во јавноста.

Одбивањето на декласификација на овие документи ќе биде доказ дека Мицкоски како тогаш така и денес не може да излезе од криминалната матрица и негова единстгвена цел е личното богатење.

Линк до видео:  https://www.youtube.com/watch?v=4ybOddCWCyc

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка

СДСМ
Центар за комуникации со јавноста